Мишел Фајфер по четири години се враќа на филмското платно
Познатата актерка Мишел Фајфер по четири години во „егзил“, се врати на сетовите во Холивуд и во моментов работи на два филма.
Фајфер четири години беше далку од очите на јавноста, откако по неколку одбиени улоги, режисерите едноставно престанаа да и нудат ролји во нивните филмови.
- Едноставно станав толку пребирлива, што веќе никој не сакаше да ме ангажира и времето брзо летна, изјави Фајфер во едно интервју по повод нејзиното враќање на филмското платно.
Актерката во моментов работи на филмовите „Мајка“ и „Убиство во Орент Експесот“
- Не ја загубив љубовта кон актерството, бидејќи на сетовите секогаш се чувствувам како да сум дома. Повеќе сум сконцентрирана кога работам, но последните години ми беше поважно да бидам со децата. Додека работев секогаш се прашував колку долго ќе ме нема дома и дали мојот распоред ќе се вклопи со животот на моите деца, нагласи Фајфер.
Ново на Сител
-
Ахмети ја потврди комуникацијата со Таравари - ВЛЕН најавува спојување во една партија
-
Германија ќе отпушти 1/3 од вработените, драстични отпуштања кај нас нема да има
-
Христијаните ширум светот го празнуваат Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
МПЦ се подготвува за Велигден
-
МПЦ се подготвува за Велигден
-
Задоцнета реакција - трет протест во Кочани
-
Три лица загинаа, осум повредени во сообраќајна несреќа