Мишел: Доколку НАТО се вклучи во судирот во Украина ќе добиеме Трета светска војна
– Влегувањето на НАТО во конфликтот во Украина може да предизвика Трета светска војна, предупреди денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
-Ние правиме се што треба да не го заоструваме конфликтот. Русија е нуклеарна сила и ние сме многу свесни дека ако овој конфликт се претвори во конфликт на НАТО против Русија, тогаш ќе добиеме Трета светска војна, изјави Мишел во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“.
Тој додава дека е во постојан контакт со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој според Мишел имал дополнителни барања од ЕУ.
-Точно е дека сакаше повеќе. Но, проширувањето на ЕУ е чувствително прашање за кое сите европски земји не го делат истото мислење, рече Мишел.
Според него, ЕУ треба да ги земе предвид и земјите со кои веќе почна пристапниот процес.
-Мораме да ги поддржиме нашите партнери кои гледаат кон слободниот свет. Договорите за влез во ЕУ имаат огромен потенцијал, кој е потценет, нагласи претседателот на Европскиот совет.
Ново на Сител
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
-

Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци
