Мишел Барние: Малкумина во Британија кои се на функција објаснуваат што всушност значи Брегзит
Главниот преговарач на ЕУ во разговорите со Британија за Брегзит, Мишел Барние изјави дека малкумина се оние кои се на високи функции, кои им објаснуваат на Британците, што всушност значи напуштањето на Унијата и што тоа на крајот може да донесе.
Во разговор за лондонскиот неделник „Економист“ Барние вели дека се загубени 2,5 месеци откако премиерот Тереза Меј го покрена членот 50 од Лисабонската спогода, покренувајќи го и формално процесот за раздружување.
Преговорите, конечно, почнуваат в понеделник, 11 денови по предвремените парламентарно избори во Британија, што Меј неочекувано ги закажа, но на кој наместо да го зацврсти мнозинството, го загуби и она што го имаше, па сега ќе управува со малцинска влада.
Барние одбива да ги коментира најновите состојби на политичката сцена во Британија, освен што вели дека сака на преговарачката маса да се најде британска делагација која има цврст мандат да преговара.
Европската страна, според весникот, проценува дека во Лондон се уште нема јасни претстави, јавно демонстрирани, што се сака од овие преговори.
Меј до изборите, застапуваше став за „тврд“ Брегзит, со напуштање на единствениот пазар, царинската унија, затворање на границата за мигрантите од ЕУ и за напуштање на европското судство и законодавство.
Неуспехот на изборите, дури и од нејзините конзервативци беше објаснет и поради тврдата линија на Меј кон Брегзит, што ги исплаши Британците, дури и оние кои гласаа за напуштање на Унијата.
Сега се навестува дека британската делегација ќе има помек став, со останување на Британја на единствениот пазар (според норвешкиот модел) или во царинската Унија (како со Турција).
- Јас и ЕУ сме подготвени и отворени за сите опции, вели Барние, но потсетува дека тоа се работи за кои ќе се расправа откако ќе се разрешат прашањата за правата на државјаните на ЕУ, во Британија и цената на „разводот“ меѓу Брисел и Лондон.
Шефот на делегацијата на ЕУ на преговорите, забележува дека британски политичари, па и од Лабуристичката партија, флертуваат со идејата да се остане на единствениот пазар на ЕУ, но да се блокира влезот на мигрантите од земјите на Унијата.
- Тоа не може да помине, затоа што членството на единствениот пазар значи прифаќање на четири правила, за слобдоното движење на стоките, услугите , капиталот и луѓето, затоа што ЕУ не е супермаркет во кој секој го зема она што му е потребно, вели за „Економист“ Мишел Барние.
Тој не крие дека преговорите нема да бидат лесни и едноставни и открива дека шест месеци поминал во патување низ земјите-членки на ЕУ за изградба на заеднички позиции на Унијата.
Барние се согласува дека може да се случи и неуспех на преговорите, како што се закануваат од Лондон, подобро без договор, отколку лош договор за Британија, но предупредува дека тоа на Британија ќе и донесе големи проблеми, а ниту ЕУ нема да ја остави неповредена.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор