Мисајловски: За ВМРО–ДПМНЕ нема ништо спорно да стои Македонец во личните карти
Владо Мисајловски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите кажа дека целта на законот за лични карти е ништо друго освен пазар помеѓу СДСМ и БЕСА. Мисајловски истакна дека очигледно е дека Зоран Заев не сака да помине овој закон бидејќи да сакал одамна законот ќе поминел со европско знаменце. Мисајловски дополни дека за ВМРО–ДПМНЕ нема ништо спорно да стои во личните карти Македонец.
„Да, точно така го слушнав јас ова од господинот Зоран Заев бидејќи беше да кажам од една страна и приморан ова да го каже зошто јас уште пред неколку дена имав едно гостување на една телевизија каде што кажав дела целта на овој закон не е ништо друго освен еден пазар помеѓу БЕСА еден пазар помеѓу СДСМ и коалицијата и еден пазар каде што јавноста треба да види дека нешто се прави а во позадина односно не сакаат ништо да се направи. Зоран Заев не сака овој закон да помине уште од првиот ден и правеја манипулација бидејќи некој збореше дека ВМРО–ДПМНЕ биле за да стои Македонец па тоа било спорно, не е спорно да стои Македонец во личните карти бидејќи ние се чувствуваме горди ако стои Македонец. Проблемот во целата работа е што треба да се испорача едно ветување кон БЕСА што е дадено во предизборната кампања а потоа договор каде што формираа влада“, појасни Мисајловски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски потенцираше дека повеќе од јасно е дека владата е на стаклени нозе и дека Заев сам влегол во стапица каде што ветувал едно што сега не може да го испорача.
„Гледаат дека сега оваа влада е на стаклени нозе и пробуваат на било кој начин да манипулираат би рекол баш вака со одредени партии кои поконкретно со БЕСА каде што може да видиме дека изгледа немаат договор за ова прашање. Затоа пробуваа на било кој начин да направат перцепција во јавноста дека се работи за нешто друго дека овој закон е закочен од друга политичка партија но изгледа самите не сакаат да помине и тоа се случи. Ако имаат чесна намера јас спомнав пред некое време они овој закон ќе го пуштеа со европско знаменце и ќе имаше два дена расправа и ќе помине. Затоа од друга страна слушаме пак и продолжените раце на Зоран Заев од нивните аналитичари и политичари како што е еден од нив претседателот на држава кажува аргументи зошто не требало да помине овој закон и на сите целта е јасна дека Зоран Заев сам си направи стапица каде што не може да го помине овој закон но за жал или за среќа остана изманипулирана партијата БЕСА каде што ќе видиме што ќе се случува“, заврши Мисајловски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазици се очекува да биде одржана од 19 до 21 март
-
УЈП: Уште два дена за поднесување на ДДВ - 04 пријавите
-
По пауза од 17 години од март директна авиолинија Скопје - Амстердам
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
Од март Во Скопје ќе се изнајмуваат електрични автомобили, во просек ќе биде од три до шест евра
-
ЦИП: Заврши геофизичкото скенирање на предисториски локалитети во Охридско-преспанскиот регион и во Пелагонија
-
Адвокатот на починатата родилка од Куманово: Како може здрава родилка која имала здрав плод, природно да почине?
-
Бајден преиначи 37 смртни казни во доживотен затвор