Мисајловски: Во Македонија сите одобренија во градежништвото се издаваат електронски
Од 1 јуни 2013 година, постапката за издавање одобрение за градење за сите видови градби во Република Македонија се спроведува на електронски начин преку Информациски систем е-одобрение за градење, а од 1 ноември 2013 година преку истиот систем на електронски начин се спроведуваат и сите останати постапки за добивање одобренија во делот на градежништвото.
Ова го порача министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во своето обраќање на Меѓународната конференција „Е-дозволи за конкурентен регион“, што се одржува во Тирана, Република Албанија, каде ги презентираше реформите што ги спроведе земјава во делот на електронско издавање градежни дозволи.
- Главната цел на овој информациски систем е овозможување брзо и ефикасно поднесување на барањето за добивање одобрение за градење, како и другите барања предвидени со Законот за градење, без при тоа да се доаѓа во институциите, увид во секоја фаза од постапката, целосна информираност на барателот, увид во роковите за постапување, како и намалување на трошоците на постапката, истакна Мисајловски.
Со воведувањето на оваа реформа, додаде, Република Македонија е рангирана на 10. место во светот и на прво место во Европа и Централна Азија, во последниот Извештај на Дуинг Бизнис, на ранг листата за ефикасно спроведување на постапката за издавање одобрение за градење.
Во својот говор, потенцира дека со размената на податоци што се спроведува во електронска форма преку овој систем се редуцираа бројни административни процедури кои претходно се спроведуваа, со што, како што нагласи, се придонесе за значително скратување на роковите за издавање одобрение за градење.
Меѓународната конференцијата во Тирана е втора од овој вид и се организира со цел да се презентираат предностите на електронското издавање градежни дозволи. Покрај министерот Мисајловски, на конференцијата присуствуваат и министрите за транспорт, инфраструктура и просторно планирање на Република Албанија, Црна Гора, Косово, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.
Ново на Сител
-
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка
-
Запален објект и три автомобили во Куманово,албанската опозиција ја повика меѓународната заедница да реагира
-
Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот
-
Не само во Челопек министерката Јанева најави вонредни инспекции и во други училишта каде деца носеле симболи на УЧК
-
Струјата нема да поскапи повеќе од 1%, еден час плус дневна евтина тарифа засега ќе нема
-
Словенија бара 5.000 работници од Македонија
-
Постапка за Екс директор
-
Респираторните инфекции ги полнат педијатриските амбуланти и клиниките!