Македонија
21. October 2025 - 16:37

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советници, има апсолутно мнозинство во локалната власт

ВМРО-ДПМНЕ не само што не изгуби гласови на локалните избори, туку неделното гласање покажа дека ужива и поголем рејтинг од претходните избори во 2021 година, сметаат од владејачката партија.  Втор ден по изборите, власта вели дека на свое конто овој пат има и поголем број на градоначланици, но и апсолутно мнозинство во општинските совети. Сепак, поовикаа на масовност во 2 круг за избор на градоначалници, за како што велат, да се зокружи историската победа.

Мисајловски го повтори и ставот на партијата дека резултатите од локалните избори не треба да се споредуваат со ланските парламентарни избори.

СДСМ денеска без реакција на ваквите оцени од ВМРО-ДПМНЕ. Но, вчера токму партијата на Филипче, и покрај изборниот резултат со само 3 градоначланички места во првиот круг, излезе со став дека тие не се во загуба со изборите. 

„Падот на ВМРО-ДПМНЕ е фантастични 135.000 или 30,8% од гласовите, а ЗНАМ паѓа од 56.200 на 38.034 гласови, односно е најголем губитник и има изгубено 33% од гласовите. За разлика од нив СДСМ има изгубено само 18% од гласовите што, ако се земе предвид пониската излезеност речиси да нема загуба“, коментираа вчера од СДСМ.