Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ има огромен успех и во општинските совети, освои 12 000 гласови повеќе во однос на локалните избори во 2021
ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на локалните избори - покрај 33 избрани градоначалници во првиот круг, има огромен успех на советничките листи, со 550 избрани советници во советите на општините и Град Скопје, наспроти 232 за СДСМ, 153 за ДУИ и 66 за Левица, изјави потпретседателот на владејачката партија Владо Мисајловски на прес-конференција.
Како што рече, граѓаните јасно покажале во кој правец сакаат да се движи државата и дека преферираат „политики на чесна работа, посветеност и одговорност и вистински луѓе на вистински места".
-На овие избори ВМРО-ДПМНЕ освои 12 000 гласови повеќе на советничките листи во однос на локалните избори во 2021 година. А во исто време, СДС изгубиле 111 000 гласови за советничките листи во однос на 2021. ВМРО-ДПМНЕ е партија со најмногу советници во 59 општини и градот Скопје, од кои во најголем дел има апсолутно мнозинство во советите, рече Мисајловски.
Ги повика граѓаните да излезат масовно и „да ја заокружат оваа огромна победа", со поддршка на нивните кандидати за градоначалници кои влегуваат во втор круг на изборите.
На прашање во кои општини е „најтесно" во трката во вториот круг, тој рече - „насекаде ќе се бориме да победиме" и дека максимално ќе продолжат со теренски активнисти.
-Да видиме како ќе се одвива изборниот процес, но мислам дека во скоро сите општини ќе победиме, додаде Мисајловски.
Во врска со изјавите во СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ имаат помалку освоени гласови во однос на парламентарните избори лани, одговори дека споредбата секогаш се правела со локалните.
- СДСМ бара некое свое алиби за нивниот дебакл. Граѓаните дадоа целосна, апсолутна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, 33 општини во првиот круг, што е повеќе од локалните избори во 2021 година, и јас им се заблагодарувам на граѓаните зашто ова е стимул плус за работа, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во однос на коментарот од опозицијата дека не е работа на ВМРО-ДПМНЕ да го повикуваат Венко Филипче да даде оставка како лидер на партијата, Мисајловски одговори: „Точно, нека си го гледаат својот двор, но, еве ги бројките каде што може да се види разлика од локални со локални избори".
МИА
Ново на Сител
-
Кос: Лага е дека одлуката на Советот на ЕУ ќе го спречи трансферот на гас до Србија
-
Изборите во 2026 година ќе бидат најважните во модерната историја на Србија, најавува Вучиќ
-
Цените на нафтата на светските берзи стабилни - околу 61 долар за барел
-
Нема планови за средба Путин - Трамп во блиска иднина, велат од Белата куќа
-
Киев ја продолжи воената состојба до февруари 2026 година
-
Фон дер Лајен: Европа мора да се бори за своето место услови на промена на глобалниот поредок
-
Трамп: Сојузниците се подготвени да испратат војници во Појасот Газа ако Хамас продолжи да го крши примирјето
-
Николоски: Со Велика Британија сериозно сме посветени на реализација на Договорот Влада со Влада