Мисајловски: Власта форсира трагедијата во Тетово да ја стави „под тепих“

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Владо Мисајловски, вечерва во Тема на денот на Сител Телевизија, во врска со трагедијата во Тетово, истакна дека власта форсира целата трагедија да ја стави „под тепих“, затоа што не и одговара да се дискутира за истото, па ќе влијае врз истрагата како што поминува времето, тој порача дека одговорност мора да има за 14-те загинати лица.
-Собранието може да заседава ако за тоа има потреба, но да бидам искрен реалноста е дека власта не сака да заседава и не сака да има седница, не сака ниту да има Анкетна комисија, додека ние мислиме како дописот да стигне за да оваа Анкетна комисија се формира и да заседава, целта на власта е друга, Талат Џафери не сака воопшто оваа тема да стигне на дневен ред во Собранието, рече Мисајловски.
-Тоа е нашата цел, да видиме кој е одговорен и да има одговорност, но тоа да не биде вештачка одговорност со поднесување на оставки кои нема да се прифатат, бидејќи народот тоа го гледа, затоа инсистираме да се случи, мислам дека седницата нема да се случи затоа што и половина пратеници се кандидати за градоначалници, па власта не може да состави ни кворум, но прашањето е навистина важно и ние треба да го постапуваме постојано за да има истрага и да најде одговорноста, објасни Мисајловски.
Тој порача дека ако власта остане комотна таа ќе влијае на истрагата, а не е мала работа 14 животи да згаснат, за тоа треба одговорност од оние кои се најодговорни за тоа.
-Ова прашање не смее да стане политиканство, туку ние бараме да има истрага, а и целиот народ го бара истото, да се увиди што навистина се случи бидејќи има и други модуларни болници, а стравот кај граѓаните е голем во овие тешки времиња на корона пандемија, појасни Мисајловски.
Мисајловски истакна дека до ноември месец би можело да биде задоцнето ова прашање, затоа што власта би влијаела на истрагата, а до сега не слушна јавноста за никакви придвижувања на истрагата.
-Мислам дека власта ќе форсира да го стави ова прашање „под тепих“, народски кажано, затоа што не им одговара па секојдневно во јавноста отвораат нови теми, како прашањето со Бугарија, фашисти итн, се со цел оваа трагедија да се покрие „под тепих“, но народот тоа го гледа и веќе се коментира, а одговорност мора да има, рече Мисајловски.
Ново на Сител
-

РСБСП: За време празникот 8 Декември, возете безбедно - стигнете сигурно!
-

Вицепремиерот Николоски учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница во Брисел
-

Затворени училиштата во Атина поради невремето „Бајрон“ - предизвика сериозни проблеми и поплави
-

После две години скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди
-

Чешкиот претседател се согласи да го назначи Бабиш за премиер
-

Американската војска уби четири лица во најновиот напад врз брод за шверц на дрога
-

Седница на Буџетскиот совет на Собранието
-

Облачно со врнежи од дожд, температури до 12 степени
