Мисајловски: Три илјади предмети се заглавени во судските лавиринти
Македонија официјално е хибриден режим, кој е еден од најкорумпираните во Европа!
Ветуваа живот, велеа “можеме”, секој збор им беше Европска Унија, а сега се натпреваруваме на рангирањата со Африка, лидери во корупција и лош живот.
Земјава е хибриден режим со причина.
Македонија со Заев стана земја на политички затвореници, додека вистинските криминалци се на слобода. Токму затоа Економист цени дека Македонија не е демократија.
Нема ниту правда, ниту мир. Денес нема задоволен граѓанин. 3000 предмети се заглавени во судските лавиринти. Најмалку овие предмети се борба против корупција, а најмногу граѓански прекршоци, кои потврдуваат дека нема правда за граѓаните.
Во 2020 година сме добиле полоша оценка од 2019 година, со тоа се гледа дека нема подобрување, туку имаме уназадување. Ова е втор лош резултат за земјата, кој го дава угледен меѓународен фактор, кој пред неколку дена на индексот на корупција на Транспаренси Интернешнл се најдовме на 111 место во друштво со Монголија.
Лошите оценки и реалноста, дека тука нема демократија, туку режим ги брка и постојните инвеститори во земјата. Пред само неколку дена претседателот на Асоцијацијата на странски компани со технолошко напредно производство, кажа дека во земјава, иако имале свои капацитети, не се одлучиле да реинвестираат многу компании туку заминале во Србија како: Адиент, Кромберт и Шуберт и Аптив. Ова се компании, кои доколку во Владата гледале стабилност, сигурност и правна извесност ќе останеле во Македонија и наместо да инвестираат на непознат пазар ќе го проширеле бизнисот тука.
Кога поднесовме интерпелација за министрите за борба против корупција и министерот за правда, од Владата се правдаа дека лошите оценки биле перцепција.
Денес е јасно дека Владата ја носи државата кон бездна. И оставката на овие двајца министри не е доволна.
Владата после вакви катастрофални оценки најмалку што треба да направи е да поднесе колективна оставка. Нема ниту една причина да се губи и краде иднината на граѓаните. На државата и треба пад на оваа корумпираната влада и рестартирање на општеството.
На народот му треба надеж, стабилност и порака дека може и мора поинаку.
Деновите на Владата се изброени, да се избориме за иднината
Прес конференција на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава
-
Николоски на средба со УКЕФ во Лондон: Македонија со огромна подршка од Велика Британија го започнува најважниот регионален проект за брза пруга на Коридор 10
-
Герасимовски: Во две смени работат нашите хигиничари, Комунална хигиена мора да се освести ни се спрема катастрофа
-
Со 2,05 промили алкохол во крвта возел „мерцедес“ низ Кавадарци
-
Вработени од „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест, од 28-ми најавуваат активирање на одлуката за штрајк
-
Истрага за злоупотреби во прилепската болница, осомничени 32 лица
-
Ѓоковиќ се откажа од Мастерсот во Париз
-
Тасевски: ССКЛ има право и овластување да организира штрајк