Мисајловски: Со почит се сеќаваме на револуционерите, Македонија заслужува да биде развиена, прогресивна и безбедна
Министерот за одбрана на Владо Мисајловски денеска упати честитка по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
-Денеска со почит се сеќаваме и им се поклонуваме на сите револуционери кои со својата визија и пожртвуваност ги поставија темелите на слободна и независна Македонија, затоа што идеалите на македонската револуционерна организација за создавање на македонска држава се нераскинлив дел од нашата колективна свест и нашето постоење, истакнува во честитката Мисајловски.
Стремежите на револуционерите за слободна и просперитетна држава, додава Мисајловски, не задолжија за навек.
-Решителни сме сите заедно да го продолжиме делото на Организацијата, да продолжиме да градиме иднина вредна за нивната борба. Македонија заслужува да биде развиена, прогресивна и безбедна, да биде земја за среќен и хармоничен живот на сите граѓани. Нашата определба ја потврдуваме со максимална заложба, труд и посветеност во остварување на овие цели, наведува Мисајловски.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
