Македонија
14. February 2019 - 10:44

Мисајловски: Огромна болка и тага во Македонија, сочувство до семејствата на загинатите

 
 

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски изрази сочувство за загинатите од вчерашната несреќа и посака повредените побрзо да закрепнат.

„Огромна болка и тага во Македонија!

Секој од нив е нечије дете, татко, мајка, родител и наш пријател.

Искрено и неизмерно сочуство до семејствата на оние кои ги загубија животите, а повредените побрзо да закрепнат од оваа страотна несреќа.

Никогаш да не се повтори“-порача Мисајловски!