Мисајловски: Нема вакцини, граѓаните се загрижени поради високите бројки и здравјето
Денеска повторно ВМРО-ДПМНЕ е на терен, како што ветивме, ние ќе бидеме со народот, ќе бидеме со нив да разговараме за сите актуелни прашања. Денеска сме во Чаир со повеќе граѓани да поразговараме, секако овие средби се а отворено, со дистанца бидејќи сите знаеме во каква ситуација се наоѓа Република Македонија.
Нема вакцини, граѓаните се премногу загрижени поради секојдневните бројки, масовно власта почнува да спроведува попис, а ние постојано велиме дека не е време за тоа, бидејќи здравјето е пред се.
Иако сме спречени да имаме масовни собири, мораме да се гледаме со граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и мораме да го слушнеме тоа што го говорат граѓаните. За секој еден политичар, најважно е вака да се биде на терен, да се разговара со луѓето и да ги слушнеме нивното мислење, се разбира ако има и критики или што сакаат да ни посочат, ние да пренесеме.
Важно е да разговараме за здравството, важно е да разговараме за оние проекти кои се ветени, а ги нема. Доаѓаат локални избори, а Чаир е често заборавено место во Скопје и многу малку се работи и гради.
Затоа да ги слушнеме сите проблеми, знаме дека и пензиите се најавуваше дека ќе бидат зголемени, но тоа не се случи, капитални проекти се зборува дека постојано ќе се гради нешто, но ништо не се случува, Клинички центар се најавува 4 години, ни тоа нема, реформи се најавуваат во правосудството, но ги нема, вакцини нема, здравството е во колапс. Нема сфера каде оваа власт не потклекна на сите очекувања дека ќе блескаат и ќе има реформи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија
-
Времето лечи се | Катерина Ангеловска | Личен Развој | Sitel Podcast 047
-
На „Табановце“ се чека околу 15 минути за влез во државата
-
Нема промена на Рамката
-
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
-
Советници на Трамп му предале план за запирање на американската воена помош на Киев доколку не разговараат за мир со Москва
-
Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието
-
ЕУ ја продолжи заштитата на украинските бегалци до 2026 година