Мирен протест на здруженијата пред ЈП „Лајка“, бараат итно разрешување на в.д. директорката

друженијата за заштита на животни, како и слободни активисти денеска пред ЈП „Лајка“ одржаа мирен протест со барања за итно разрешување на в.д. директорката на претпријатието, како и прекин на прогонот на активистите и опструирање на нивната волонтерска работа.
Наталија Трпковска од Здружението „Шепасти ентузијасти“ која се обрати на протестот, побара од градоначалникот на Град Скопје итно да отпочне постапки против актуелната в.д. директорка за да, како што рече, спречи понатамошна злоупотреба на службената должност. Бараат јавен повик за назначување на таа позиција на долгогодишен активист-волонтер кој ужива углед меѓу активистите.
Дел од барањата на здруженијата се ЈП Лајка веднаш да се отвори за јавноста секој ден, а не само еден ден во неделата и тоа со закажување и итно да почне со масовни стерилизации и кастрации на бездомни животни. Во најкус можен рок јавно да се објават сите документи поврзани со работата на ЈП „Лајка“ што, како што наведуваат, е законска обврска. Да се укинат постојните и да се изработат усогласени со закон обрасци со кои ЈП „Лајка“ воспоставува формално-правни односи со граѓаните.
– „Лајка“ не е приватен стационар, туку е јавно претпријатие. Бараме итно да ни дадат информација за кучињата и да ни дозволат да ги видиме, ако се уште се тука, рече активистика на која не и било дозволено да ги види кучињата за кои претходно се грижела, а кои биле заловени и донесени во стационарот.
Доколку не се постапи по нивните барања, најавија поголеми и помасовни протести.
Ново на Сител
-

Путин одби да се сретне со Зеленски
-

Мицкоски на средби со претставници на стопански комори и градежни компани за реализација на капиталните инвестиции
-

Кошта: Одбројуваме до зачленувањето на Црна Гора во ЕУ
-

Мерц до Западен Балкан: Ве сакаме
-

МСПДМ: Поради значајна реформа во системот на социјална заштита, исплатата на правата ќе се реализира со неколкудневно задоцнување
-

„Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека Западен Балкан не е запоставен на патот кон ЕУ
-

Унгарија подготвува реформи за деблокирање на речиси 17 милијарди евра од европските фондови
-

СЗО објави шестмесечен план за борба против ширењето на еболата
