Мирен протест на отпуштените од кампот „Винојуг“ во Гевгелија
Роми кои по осум месеци работа во Транзитниот прифатен центар „Винојуг“ во Гевгелија биле отпуштени, денеска одржаа мирен протест пред кампот со барање да добијат одговор зошто не е најдено решение за тие да бидат вратени на работа.
- Се собравме денеска да го изразиме нашето незадоволство. Ние не се откажуваме и остануваме да протестираме, бидејќи без причини бевме извадени од работа од страна на министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски, рече Ѓорѓи Пакетов, претставник на 44. отпуштени лица.
По вчерашниот двочасовен разговор, продолжи Пакетов, ние не добивме никаков одговор од министерката Ременски.
- Побаравме да ни каже зошто сме избркани од кампот и оставени без работа, а таа си вработи 36 нови сопартијци. Зошто за овие 44 лица кои се обучени, вакцинирани и го подигнаа кампот на едно високо ниво, не е направен некаков компромис, но не добивме одговор, рече Пакетов, додавајќи дека единствено им било понудено да прифатат да бидат вработени само 15 луѓе.
Според Пакетов овие луѓе се во кампот додека тој бил на нула и работеле на негова изградба и се најзаслужни за високото ниво на хигиената додека во него дневно минувале и по 15 илјади луѓе.
- Никој од нас не е партиски определен. Бараме да дојдат и да најдат некое решение за нас, рече Пакетов.
Ново на Сител
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата
-
Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025