Мирен протест на ГДОМ во Кавадарци
„Кавадарци сака избори на петти јуни и прогрес, како и крај на поделбите во Македонија“, „И земјоделците ја поддржуваат одлуката за избори, повикувајќи на мир и напредок во државата“, „Кавадарци е град на лозарите, а не на хулиганите“, беа само дел од транспарентите на вечерашниот мирен протест во Кавадарци за поддршка на ГДОМ.
За време на протестот, кој се одржа втор пат, во паркчето кај полицијата, од разглас беа пуштани македонски револуционерни песни.
Пред присутните се обрати градоначалникот на Кавадарци Александар Панов. Тој јавно истакна жалење поради, како што рече, сквернавењето на комуналните и јавните објекти од страна на СДСМ.
- Намерно велам СДСМ, зашто во Кавадарци нема таква невладина организација или е толку мала што е невидлива, така што зад она што се случуваше денес во нашите детски градинки, на градскиот плоштад и на сите други јавни институции, стои СДСМ од Кавадарци. Тоа се оние луѓе или онаа политика која своевремено увезе 70 илјади гласачи од Косово за Бранко Црвенковски да стане претседател на Република Македонија, истакна Панов.
Тоа е, додаде, партијата која го донесе Законот за територијална поделба.
Панов, на оние што протестираат низ Кавадарци, а немаат, како што нагласи, изградено ништо, им порача да протестираат со добри идеи, не со уништување на она што оваа власт го изгради.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Села ја сака Алијанса но без Таравари - ВМРО ДПМНЕ убедена во победа на изборите
-
МВ: Граѓаните сметаат дека институциите ефикасно се справија со трагедијата во Кочани
-
Семакедонски собир во Mелник: 110 години од убиството на Пиринскиот цар – Јане Сандански
-
Хуманитарна аукција за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани
-
Повредени од трагедијата во Кочани продолжија со рехабилитација во специјализирани странски центри
-
Фотоволтаиците стануваат главен соујзник на земјоделците, а кај нас тоа е табу тема
-
Дивите депонии се сериозна закана за здравјето на граѓаните