Мирен изборен ден во Штип, Пробиштип, Свети Николе и Карбинци
Во општините Штип, Пробиштип, Карбинци и Свети Николе гласањето тече во мирна и демократската атмосфера.
Од четирите општини, најголема излезеност има во Пробиштип, каде што до 15 часот гласале 45,12 отсто од вкупниот број избирачи.
Претседателот на ОИК Штип, Виктор Вацев, изјави дека до 15 часот излезеноста е 33,95 отсто од вкупниот број на избирачи или на 80 избирачки места гласале 14 023 граѓани.
На едно избирачко место во Штип, поради технички проблеми, гласањето се одвива без користење уреди за биометриска идентификација.
Во Свети Николе излезеноста на 35-те избирачки места е 33,51 отсто, а во Карбинци е 40,36 проценти од вкупниот број избирачи. Гласачките места се отворени до 19 часот.
Во Брегалничкиот Регион на Локалните избори 2025 во 11 општини гласаат вкупно 149 283 граѓани. Најмала општина е Зрновци, а најголема Штип.
МИА
Ново на Сител
-
ВРЕДИ прогласи победа во Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново
-
Коњановски: Апсолутна победа на ВМРО - ДПМНЕ во Битола
-
Тодорче Николовски прогласи победа во прв круг во Кратово
-
Паунов во Карбинци и Владев во Свети Николе прогласија победа во првиот круг
-
Петар Јанков прогласи победа во Струмица
-
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 55 општини, СДСМ, Вреди и НАИ во 7
-
Касами прогласи победа во првиот круг на локалните избори во Тетово
-
Јовановски: Над 5,000 гласови предност во првиот круг