Мираковски: За една недела треба да ги имаме првичните резултати од мерењата за загаденоста на воздухот во скопско Трубарево
Научниците истражувачи од лабараторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип за седум дена треба да ги имаат првичните резултати од мерните станици за квалитетот на воздух, кои вчера ги поставија во скопско Трубарево, каде што завчера во пожар изгоре депонија за електронски отпад. Ректорот на УГД и раководител на лабараторијата АМБИКОН, Дејан Мираковски вели дека поставени се два уреди, коишто континуирано, 24 часа, наредните пет денови ќе земаат проби од честичките кои подоцна ќе бидат анализирани. Едната мерна станица се наоѓа на педесеттина метри, а втората е на стотина метра од складиштето за рециклирање на електронски отпад и пластика, на компанијата Ф-Групација во Трубарево, кое изгоре во саботата.
Мираковски вели дека ќе се анализираат 32 елементи, како и никел, кадмиун, арсен, олово и жива.
- Анализите вклучуваат целосен хемиски состав-елементарен состав на честичките, како и дополнително се анализираат водорастворливите јононитрати, сулфати, амониуми, хлор, калиуми елементарен јаглерод. Тоа е стандарден сет на анализи коишто ќе ни овозможи заедно со метлите, вклучително и регулираните метали да направиме проценка на квалитетот на воздух во наредните неколку дена, рече Мираковски.
Тој посочува дека во моментов не може да се определи зоната на дисперзија на честичките што се ослободени во воздухот. Тоа зависи од количината и видот на матрејалот што изгорел, но и од атмосферските услови. Првична проценка тешко може да се направи, бидејќи какошто вели Мираковски се уште нема точни информации што точно имало во складот. Забележува дека со согорувањето на литиумските батерии и пластика се формираат и гасови и честички и дел од нив се трајни органски загадувачи.
- Не се работи за фабрика, туку за склад и нема точни информации колкави количини имало од материјали внатре. Кога ќе се добијат сите информации може со реверзибилно моделирање да се процени зоната, а може и со директно земање примероци од околината, по некаков распоред и да се утврди колкава е таа зона која преставува ризик. Тоа зависи од многу фактори и било каква дискусија, односно раширувањето во поголем простор ја намалува концентрацијата и не би требало да се очекува некаков хемиски ризик во екстремно голема зона, изјави Мираковски. Тој додаде дека освен на воздхот, предвидено е да се прават анализи и на водата и почвата во регионот. По утврдувањето на овие параметри ќе биде познато дали ќе треба да се врши чистење и санација на евентуално контаминиранат зона.
МИА
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор