-->
-->
Mир и во хармонија: Град во кој не постојат пари и автомобили!
-->

Ауровил или Градот на зората е експериментален град во индиската сојузна држава Тамил Нада кој во 1968 година бил основан од Мира Алфаса, попозната како „Мајка“.
Замислата била се создаде место каде жените и мажите ќе живеат во мир и во хармонија, без разлика на политичките ставови, националност или религија. Станува збор за експериментален проект каде секој жител има своја улога, а најголемото внимание се посветува на образованието и на развојот на креативните вештини.
Иако првично било замислено во градот да живеат 50.000 жители, денес таму живеат нешто повеќе од 1.800 возрасни лица и околу 500 деца. Тие доаѓаат од 50 земји во светот. Најголемиот број се од Индија, а повеќе стотици се од Франција, Германија, Италија, Америка, Русија, па дури има и шестмина од Словенија.
Градот делумно се финансира од донации, а главен извор на храна се органските производи што жителите самостојно ги одгледуваат. Тие за живот заработуваат со изработка на хартиена конфекција и миризливи стапчиња што ги продаваат во соседните села и градови. Во одделни аспекти на животот организацијата е слична на андалузиската општина Мариналеди во јужан Шпанија.
Во градот не постојат пари, а сите жители за купување и размена на стока користат електронски сметки и кредитна картичка Аурокард. Освен тоа, жителите издвојуваат дел од средствата за заедницата за да се подмират основните животни потреби. Во градот нема автомобили, а главно превозно средство се мотоциклите.
Градот е автономен и не одговара никому, поради што жителите воопшто не се грижат за политика. Жителите секојдневно одат во храмот Матримандир, каде се препуштаат на постигнувањето внатрешен мир по пат на јога и медитација. Ауровил е рај за хипиците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одложено денешното судско рочиште за предметот „Адитив“
-
МЗ: Во текот на ноќта извршени 13 интервенции од Итна помош во Трубарево, лице транспортирано на Клиниката за токсикологија
-
Возачите на „Шкода“ најмногу пцујат, меѓу британските возачи
-
Мираковски: За една недела треба да ги имаме првичните резултати од мерењата за загаденоста на воздухот во скопско Трубарево
-
18-годишник повреден од огнено оружје донесен во Ургентен центар на Клинички
-
Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, значително подобрена и состојбата во Дрисла
-
Мотоциклист од Гевгелија им подлегнал на повредите по излетување од патот
-
Кошта: За ефикасна европска одбрана потребно е заедничко финансирање