МИОА: Незнаењето, лагите и манипулациите на Кирацовски немаат крај
Незнаењето, лагите и манипулациите на дополнителниот заменик-министер Александар Кирацовски немаат крај, реагира попладнево Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).
Кирацовски, освен што манипулира, како што наведува Министерството, на денешната прес-конференција пропушти да одговори дали и кога институциите со кои раководат кадри од СДСМ имаат донесено акти за внатрешна организација и за систематизација и дали овие институции ги внеле податоците во Регистарот.
- Го повикуваме да не го избегнува одговорот на овие прашања и лично да се заложи за нивна поголема ажурност во обврските кон Министерството, се наведува во реакцијата
Според МИОА, ако технички назначениот Кирацовски подобро го прочита членот 2 од Изборниот законик и ако има какво било познавање на законските прописи и законскиот статус на правните лица, ќе види дека вработените во пионерските домови, работничките универзитети и јавните претпријатија никогаш не биле дел од изборната администрација. Тоа значи дека овие лица ниту некогаш претходно ниту пак сега ќе бидат дел од листата која и е потребна на Државната изборна комисија, реагира
Министерството додава и дека, ако Кирацовски подобро го прочита членот 32 од Изборниот законик ќе види дека никаде не пишува дека до Државната изборна комисија се доставува целиот Регистар на вработените во јавниот сектор. На Државната изборна комисија, во моментот кога тоа ќе го побара, МИОА, како што наведува, ќе и достави листа со вработените во оние институции кои според Изборниот законик ја сочинуваат изборната администрација.
- Но, незнаењето, лагите и манипулациите на Кирацовски немаат крај. И кога зборува за бројот на вработените Кирацовски очигледно нема поим дека од 13.02.2015 година до денес нема ниту едно вработување на неопределено време во јавниот сектор, а дека во меѓувреме се пензионираат луѓе и си одат од работа и дека тоа е логичната причина поради која се намалува бројот на вработените, стои во реакцијата.
Точниот број на вработени е 127.139 лица и Кирацовски, посочува Министерството, на сила и со партиски прес-конференции не може ниту да го зголеми, ниту да го намали.
- Токму заради поголема транспарентност и зголемување на довербата во податоците кои Министерството ги поседува, беше воспоставен сервисот за проверка на записи во базата на вработени во јавниот секторhttps://proverkaregistar.hrm.
Ново на Сител
-
Отворена истрага за 34 осомничени, Обвинителството бара притвор за сите
-
Тошковски: Заврши првата фаза од постапувањето за пожарот во „Пулс“
-
Намален бројот на повредени хоспитализирани во земјата и странство нема транспорт на повредени надвор од државата
-
Итна и првична помош од 2.500 евра за сите засегнати од пожарот
-
Обдукцијата покажа дека 59-те лица починале од задушување со јаглероден моноксид во дискотеката во Кочани
-
МОН мобилизира мрежа од 100 психолози за да помогнат на кочанчани и околината
-
Вонредни инспекции ги тресат угостителите
-
Се проверуваат сите 1.100 лиценци издадени согласно Законот за градба, речиси 100 се одземени