МИОА ја објави последната верзија на предложените измени на законот за медиуми
Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ја објави последната верзија на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги http://mioa.gov.mk/files/pdf/dokumenti/zakoni/ID_ZA_AAVMU_25122017.pdf.по добиените коментари на Единствениот национален електронски регистер (ЕНЕР).
Според МИОА, последната верзија што ја објавуваат пред да биде дел од владина процедура е резултат на заедничката работа на Владата и на претставниците на медиумската сфера во Македонија.
Претходната драфт верзија на законот беше објавена на ЕНЕР на 4 -ти минатиот месец, по што сите заинтересирани страни имаа можност од 26 дена да испраќаат свои коментари и предлози. Процесот за подготовка на Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, започна со првата јавна дискусија што се одржа на 14 јули годинава.
На 20-ти минатиот месец министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, заедно со министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски, ја одржаа втората јавна дискусија посветена на овој закон.
Од МИОА посочуваат дека во изминатите неколку месеци се остварени голем број средби и состаноци со сите заинтересирани страни и биле сослушани и разгледани мислењата на сите кои покажале интерес да се вклучат во процесот на подготовка на Предлог-законот.
Ново на Сител
-
Трамп со аплауз го пречека Путин
-
Авионот на Трамп слета во Екориџ
-
Песков: Самитот меѓу Путин и Трамп во Алјаска ќе трае најмалку 6-7 часа
-
Во Албанија уапсени три лица за подметнување пожари, ситуацијата со пожарите подобрена
-
Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ
-
Хакерски напад врз веб-страницата на српското МВР од IP-адреса од Холандија
-
Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар
-
Поради пожар во НП Јасен патот Македонски брод Скопје затворен за секаков вид возила