Миноски: Извезуваме двојно повеќе од 2006, а производите се пософистицирани
Извозот последниве десет години е двојно зголемен. Ако во 2006 тој беше под две милијарди евра, во 2015 година изнесува над 4 милијарди евра, со тенденција оваа година да се надмине оваа бројка, истакна министерот за финансии Кирил Миноски на средба со претставници од Стопанската комора во Кичево.
Според него тоа е показател дека Владата води добра економска политика и дека политиката на ниски даноци обезбедува поголеми инвестиции во приватниот сектор, кои значат позасилена економска активност и позасилена извозна активност. Се потврди, додаде, дека привлекувањето на странските инвестиции се покажа како еден продуктивен процес кој обезбеди зголемување на извозот.
Министерот за финансии посочи дека она што е значајно е дека има промена на структурата на извозот. - Ако пред 10 години извозот на машините бил 4,9 проценти од вкупниот извоз, сега тој сооднос е значително променет и 27,7 проценти од македонскиот извоз се машини и транспортни уреди, рече Миноски.
Тој потенцира дека со извоз на пософистицирани производи се отвора потреба за квалификуван и повеќе платен кадар во земјава, што ќе придонесе за побрзо и реално зголемување на платите во земјава, што на крајот ќе резултира со подигнување на стандардот на граѓаните.
Вчера државната статистика ги објави податоците за надворешно-трговската размена на земјава за првите 10 месеци кои покажуваат дека надворешно-трговската размена пораснала за 5,7 отсто во однос на минатата година, додека извозот за 5,8 проценти.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани