Министрите за одбрана на НАТО во очекување да одобрат долгорочна мисија за поддршка на Украина
Се очекува министрите за одбрана на земјите од НАТО денеска да одобрат долгорочна мисија за поддршка на Украина – на вториот ден од нивниот состанок во Брисел, јави ДПА, повикувајќи се на свои извори.
Досега, сојузниците ја координираа својата поддршка за поранешната советска република преку неофицијална контакт група предводена од САД.
Земјите од НАТО разговараат за префрлање на одговорноста на официјалните структури на алијансата.
Се очекува министрите за одбрана денеска да го одобрат планот за формирање мисија на НАТО за безбедносна помош и обука во Украина.
Ова ќе и овозможи на алијансата да започне формално да ја координира воената помош за земјата нападната од Русија.
Формирањето на мисијата вчера веќе беше одобрено на пониско ниво, велат извори на ДПА.
Ново на Сител
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините