Министрите од кипарската Влада се вакцинираат со АстраЗенека за да испратат порака дека вакцината е безбедна
За да испратат порака дека ѝ веруваат на вакцината во однос на безбедноста и ефикасноста, министрите од кипарската Влада денеска се вакцинираат со Астра Зенека, соопшти владиниот портпарол Кирјакос Кусиос, јави дописничката на МИА од Атина.
Одлуката била донесена на вчерашната седница на Владата, а ќе се имунизираат министрите кои досега не се вакцинирани.
Во однос на вакцината на Џонсон и Џонсон, на Кипар вчера пристигнаа 2.400 вакцини, меѓутоа нема да се користат сѐ додека не заврши истрагата во САД за можната поврзаност со случаи на тромбоза.
Од Министерството за здравство на Кипар соопштија дека по превентивната препорака од самата компанија до земјите членки на ЕУ, конкретните вакцини, засега, нема да бидат вклучени во националниот план за имунизација.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска