Министри за здравство на Г20: Здравствените системи ранливи на пандемии

Министрите за здравство на Г20 разговараа преку видео конференција за слабостите на здравствените системи на нивните земји, што ги прави ранливи на пандемии слични на коронавирусот, се вели во соопштение издадено од саудиското претседателство.
Министрите ги споделија искуствата на нивните земји, разговараа околу неопходните активности за подобрување на подготовката на земјите и системските слабости.
„Пандемијата покажа системски слабости во здравствените системи и способноста на меѓународната заедница да ги спречи и да одговори на заканите за пандемија“, се наведува во соопштението.
Планираната виртуелна прес-конференција не се случи, бидејќи саудискиот министер за здравство Тавфик ал Рабија мораше да присуствува на итен состанок на саудиската работна група за мерките за коронавирусот.
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
