Министерството за правда на САД ќе утврдува дали постојат политички мотиви за истрага за руско мешање во изборите

Американското Министерство за правда му довери на својот главен инспектор да провери дали имало неправилности или политички мотиви во начинот на кој ФБИ ја водел контраразузнавачката истрага на луѓе осомничени за дослух со руски агенти, а заради интервенција во претседателските избори во 2016 година.
Министерството го најави ова откако вчера претседателот Доналд Трамп напиша на Твитер дека ќе побара Министерството да испита дали ФБИ инфилтрирало свои луѓе во предизборната кампања со политички цели. Претседателот, исто така, сака да испита дали таквите дејства биле побарани од владата на Барак Обама.
Според весникот „Њујорк тајмс" ФБИ му наложил на информатор да се сретне со две лица од кампањата на Трамп - Картер Пејџ и Џорџ Пападопулос, во рамки на истрагата за можните врски на овие луѓе со Русија.
Пратениците од Демократската партија ја обвинуваат Белата куќа и републиканците дека всушност се обидуваат да го дестабилизираат специјалниот обвинител Роберт Малер, кој речиси една година истражува евентуален договор помеѓу Москва и предизборниот тим на Трамп.
Конгресменот демократ Адам Шиф, член на комисијата за разузнавање при Претставничкиот дом, вчера изјави дека тврдењата на претседателот за некаков „шпион" во неговата кампања се апсурдни. с
Ново на Сител
-

Во Франција поради насилство на протестите на средношколците приведени 5.060 лица, 14 се во притвор
-

Украина со 650 дрона ја нападнала московската област, 105 уништени на приодите кон Москва
-

Трамп потпиша одлука за проширување на пристапот до дизел гориво ослободено од данок
-

Божиновска на вториот министерски самит за енергетика во Белград
-

Јаневска ќе се обрати на 77-годишнината од основање на Градежниот факултет
-

Утрото ведро и студено, а преку ден сончево и топло
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
