Министерството за локална самоуправа финасиски ќе поддржи проекти во Велес и Кавадарци

Министерството за локална самоуправа во Вардарскиот плански регион годинава финасиски ќе поддржи два проекти во општините Велес и Кавадарци. Како што информираат од општина Велес проектите се од извештајот за оценување на проекти за поттикнување на рамномерен регионален развој.
Како што информира на денешната прес-конференција градоначалникот Славчо Чадиев, конкретно за граѓаните на општина Велес, најзначаен е проектот за заштита на водите на Езеро „Младост“ преку регулирање на отпадните води во населба Отовица во висина од 8.197.364 денари средства од Министерството за локална самоуправа преку програмата за рамномерен регионален развој.
- Близината до Езерото „Младост“, можностите за развој на туризмот и добрата комуникација со градската средина ја прави оваа локација многу атрактивна. И самите сте сведоци дека Отовица е едно од ретките населени места кои во изминатиот период растеше како со бројот на ново изградени објекти за живеење и викенд куќи, така и според бројот на население, потенцира Чадиев.
Воедно информира дека со реализацијата на овој проект директна корист ќе имаат околу 300 жители на ова населено место, а локалната самоуправа очекува дека ќе влијае за забрзување на развојот во оваа рурална средина.
Тој потсети дека претходно во село Отовица е асфалтиран пат во должина од 630 метри, кој го поврзува Езерото „Младост“ со автопатот Велес – Скопје, инвестиција која изнесува 4,5 милиони денари.
Воедно се реконтруираше и делот од училиштето во село Отовица кој беше опожарен со што учениците добија нормални услови за настава потсети Чадиев.
Ново на Сител
-

Петмина лекари од битолската болница обвинети за несовесно лекување на пациентка која починала
-

АНБ: Откриена мрежа на клонирани портали во Македонија, ширеле дезинформации во корист на руски интереси
-

Италија воведе забрана за бурки и никаби во училиштата – казни до 1.000 евра
-

Прв академски час на УКИМ - почнува студиската 2026/2027 година
-

Најладно во Берово, утрово измерени -2 степена
-

Нетанјаху го нарече „херој“ пилотот по нападот во кокпитот на „Флај Дубаи“
-

Почнува зимското работно време на паркизите на ЈП Градски паркинг - Скопје
-

Трамп: Војната ќе заврши многу брзо, САД имаат целосна контрола врз Ормуз
