Министерство за здравство: Ќе се утврдат причините за смртта на 14-месечно бебе
Министерството за здравство соопшти дека ќе иницира комисија за стручен надзор на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле и на Клиниката за детски болести за да се утврдат причините за смртта на 14-месечно бебе, кое починало утрово на Клиниката за детски болести.
-Во врска со случајот со починатото 14-месечно бебе, донесено рано утринава на Клиниката за детски болести, од Клиниката информираат дека е хоспитализирано со тешка респираторна инфекција, тешка општа состојба и засегнати витални функции. Настапило рапидно влошување на состојбата, со отежнато дишење, со пад на сатурација.Телото на бебето е пратено на обдукција, по што ќе се утврдат причините за смртта, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), како што велат од Министерството, согласно надлежностите ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатото бебе било лекувано: на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле, каде претходно се лекувало и на Клиниката за детски болести, каде денес во утринските часови било хоспитализирано и починало.
-Со цел да се утврди вистинитоста за евентуални пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица на здравствените установи, како и на лекарите кои учествувале во претходно пружање здравствена заштита. Министерството за здравство во врска со овој случај ќе иницира комисија за стручен надзор во двете здравствени установи. Министерство за здравство изразува сочувство до семејството и најблиските за оваа загуба, се наведува во соопштението од Министењрството.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана