Министерство за култура: Приоритет заштитата на црквата во Курбиново
Заштитата на црквата „Св Ѓорѓи“ во Курбиново беше и останува врвен приоритет на Министерството за култура, нагласува ресорното Министерство во реакција на денешната прес-конференција на Роберт Алаѓозовски од СДСМ кој обвини дека поради негрижа пропаѓа прочуената фреска со „Ангелот од Курбиново“, кој е симбол на банкнотата од 50 денари.
Според Министерството за култура, ако СДСМ ги вложел макар и 50-те денари што Алаѓозовски ги покажал на прес-конференцијата во заштитата на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, денес ќе немало потреба од, како што наведуваат, лицемерна загриженост за работи кои не ги познава и кои немаат никаква врска со она што беше изнесено пред јавноста“.
Стручни екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Битола, наведува ресорното Министерство, започнувајќи од 2013 година, извршиле конзерваторски истражувања со кои биле опсервирани состојбите на архитектурата, сликарството и покривната конструкција на црквата.
- Беше изработена анализа на актуелните аномалии и на статичката стабилност на градбата и почвата под неа, што беше остварено во соработка со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. Исто така, поставен е и привремен покрив над објектот за да може непречено да се одвива конзервацијата на архитектурата и на живописот во црквата, кој, според своите стилско-ликовни карактеристики, е пример за највисоките дострели во доменот на монументалното сликарство во источнохристијанската уметност. Согласно предвидениот план и динамиката за заштита и конзервација се очекува активностите на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново да завршат наредната година, соопштува Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица
-
Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни
-
ДУИ и ВРЕДИ со реакции по одлуката на Уставен за Медресата во Кондово