Министерот за туризам си даде оставка од владата во Бразил
Бразилскиот министер за туризам Енрике Едуардо Алвеш поднесе оставка, што се смета како чекор за натамошен притисок врз претседателот Дилма Русеф која се соочува со импичмент.
Опозициските пратеници во Конгресот на Бразил ја обвинуваат Русеф за манипулација со податоците околу растечкиот дефицит на земјата, па настојуваат да обезбедат мнозинство во Долниот дом за спроведување на постапката за нејзиното отповикување од претседателската функција.
Министерот Алвеш е член на партијата Бразилско демократско движење (ПМДБ) која е дел од сегашната владејачка коалиција.
Висок функционер на оваа партија изјавил за бразилските медиуми дека пратениците на ПМДБ ќе гласаат за напуштање на коалицијата, а оставката на министерот Алвеш се смета за првиот чекор.
Дилма Русеф е поранешна ултралевичарка, за која нејзнините политички противници тврдат дека во еден период од времето на воената власт во Бразил, била припадник на левичарско милитантно движење, поради што извесно време поминала како политички затвореник.
Пред 14 месеци таа го започна вториот претедателски мандат, но нејзината поддршка кај бразилските гласачи забрзано се губи, особено по ширењето на коруциската афера во државната компанија за нафта „Петробрас„ и откритието дека многу високи функционери на владејаката Работничка партија земале поткуп или учествувале во перењето пари.
Во декември минатата годиан, Спикерот на Долниот дом прифати да се отвори постапка за импичмент против Русеф, но таа и нејзиниот политички ментор, поранешниот претседател Луис Инасио Лула да Силва, таквата постапка ја означија како „пуч против демократијата“.
Русеф сега настојува да ги убеди пратениците од ПМДБ да останат лојални и да не ја напуштаат коалицијата, за да не гласаат за импичментот.
Доколку Русеф биде тргната од функцијата, за претседател на Бразил ќе биде назначен сегашниот поптпретседател, од партијата ПМДБ, Мишел Темар.
Работничката партија е на власт од 2003 година, но последното мерење на расположението на гласачите покажува дека само 11 отсто Бразилци се задоволни од работата на претседателката Русеф.
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп денеска ќе се сретнат во Њујорк
-
Спасени белгиски планинари кај Дебар, биле нападнати од овчарски кучиња и бегајќи се качиле на телефонски столб
-
Муцунски од Њујорк: Стратешкиот дијалог со САД предвидува низа мерки за унапредување на меѓусебните односи
-
Без вода улици во скопската населба Крњево
-
Кикбоксерите со две бронзи од Европското првенство во Италија
-
Пожар во Козле, изгореа куќа и помошна просторија
-
Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз не е закажана, ЈСП има нафта доволна за денеска
-
Активни три, под контрола четири пожари