Министерот за правда Тупанчески на средба со заменик-претставникот на УНИЦЕФ во земјава
Министерот за правда Никола Тупанчески се сретна со заменик-претставникот на УНИЦЕФ во земјава, Артур Ајвазов, со кого разговараше за досегашната успешна соработка, како и за идните чекори и активности за подобрување на правата на децата.
Како што информира Министерството за правда, Тупанчески ја истакна цврстата определба за натамошно градење на системот за правда за децата, востановен со Законот за правда за децата, и создавање услови за остварување на целите на овој закон, односно давање предност на превентивните, заштитните и воспитните мерки, лишувањето дете од слобода само како последно средство во постапката, примена на модели на ресторативна правда и унапредување на системот на превенција на детско престапништво.
-Воедно, истакна и дека во тек се работни групи за подготовка на комплетно нов Кривичен законик и подготовка на измени и дополнувања на Законот за кривичната постапка. Исто така, министерот за правда Тупанчески потсети дека се работи на нов Закон за правда на децата, со цел надоградување и остварување на најдобриот интерес на детето, како и зајакнување на механизмите за превенција на детското престапништво, информира Министерството за правда.
Ајвазов изрази задоволство и благодарност до Министерството за правда што континуирано работи на заштитата на човековите права, особено на правата на детето и, како што се наведува во соопштението, ги пофали и заложбите на министерството за унапредување на правдата за децата, а особено го посочи големиот успех во примената на алтернативните санкции, воспитните наредби и мерките насочени кон зајакнување на одговорноста на малолетните сторители и нивна ресоцијализација во општеството.
-На крајот од средбата, министерот Тупанчески и заменик-претставникот на УНИЦЕФ во земјава Ајвазов, се согласија дека има многу области во кои УНИЦЕФ и Министерството за правда можат да работат заедно и изразија уверување дека соработката ќе биде успешна во и иднина, соопшти Министерството за правда.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска