Министерот за правда Кренар Лога во дводневна посета на Хаг
Министерот за правда Кренар Лога, во рамки на дводневната посета на Хаг, денеска ќе присуствува на церемонијата на потпишување на Љубљанско-Хашката Конвенција во Палатата на мирот.
Како што соопштија од Министерството за правда, предвидено е министерот Лога да ја потпише Конвенцијата за меѓународна соработка во истрагата и гонењето на злосторството геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства и други меѓународни злосторства.
На настанот најавено е присуство на министри за правда од повеќе од 80 држави во светот.
Утре, министерот Лога ќе оствари средба со претседателот на Европравда Ладислав Хамран.
- Средбата која е иницирана од страна на претседателот Хамран, е во рамки на веќе воспоставената соработка како и разгледување на можностите за повторно покренување на прашањето за упатување на обвинител за врска од Република Северна Македонија во Европравда, информираат од Министерството за правда.
Оттаму, истакнуваат дека именувањето на јавен обвинител за врски од нашата држава во Европравда е еден од клучните предуслови за реализирање на меѓусебната соработка со оваа постојана мрежа на судските власти во светски рамки и обезбедување ефикасност во борбата против прекуграничниот криминал.
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години