-->
-->
Министерот за одбрана на Косово поднесе оставка
-->
Министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај поднесе оставка од функцијата, поради, како што рече, семејни причини, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во кратка изјава за медиумите, Мехај рече дека дополнителни имформации за причините, освен дека тие се семејни, ќе изнесе дополнително.
Според јавната радиотелевизија РТК, која ја објави информацијата, не е познато дали Мехај ќе преземе некоја нова функција во косовските институции, или пак ќе се врати во Норвешка, каде што живееше и работеше пред да ја прифати поканата на премиерот Албин Курти да стане дел од неговиот кабинет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува
-
Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет