Министерот за надворешни работи на Унгарија Сијарто утре во Македонија
Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
Како што соопшти МНР, во рамките на посетата, предвидено е министерот Сијарто да биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, од претседателот на Собранието Талат Џафери и од претседателот на Владата Зоран Заев. Тој ќе оствари средби и со замениците на претседателот на Владата на Република Македонија, Бујар Османи и Кочо Анѓушев.
На средбата на Сијарто со Димитров, ќе се разговара за билатералните односи, европската и евро-атлантската интеграција на Република Македонија, како и за внатрешно-политичката состојба во нашата земја и односите со соседите. Исто така, ќе бидат разменети и мислења за актуелните регионални и меѓународни прашања.
За време на посетата, предвидено е потпишување на Акциски план за соработка меѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија за 2018 година, кој предвидува конкретни форми и активности за натамошна соработка меѓу двете министерства.
Ново на Сител
-
Д Фестивал годинава со хуман карактер за настраданите во кочанската дискотека
-
Преглед на вестите од светот
-
Трипуновски: Се ажурира базата на податоци на педолошката карта за засејување земјоделски култури
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци