Министерот за култура Исмаили присуствуваше на отворањето на 14. „Рома Труба Фест“
Министерот за култура Хусни Исмаили присуствуваше на отворањето на 14. „Рома Труба Фест“ на градскиот плоштад во Куманово, истакнувајќи дека Министерството за култура го поддржа и овој фестивал, а за наредната јубилејна година најави поголема поддршка.
„Чест ми е што вечерва сум овде на овој прекрасен дводневен фестивал во кој земаат учество големи домашни и странски имиња. Министерството за култура поддржува многу фестивали и културни настани во државата и го поддржа и овој фестивал но бидејќи наредната година ви е јубилеј ќе се потрудиме нашата поддршка да биде поголема. На сите учесници на фестивалот им посакувам успешен настап а за Кумановчани се знае дека се добри домаќини и гледајќи ја и енергијата на градоначалникот не се сомневам дека ќе се погрижат гостите да се чувствуваат како дома“, истакна во своето обраќање пред присутните гости, министерот за култура, Исмаили.
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани