Министерот Спасовски се сретна со холандскиот амбасадор Пломп

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп.
Од МВР соопштија дека амбасадорот Пломп му го честитал изборот на министерот Спасовски и му посакал успешна работа. Тој ги потенцирал одличните односи меѓу двете земји и решеноста на Кралството Холандија максимално да и помогне на Република Македонија во областите за кои таа помош ќе биде побарана.
Министерот Спасовски се заблагодарил на честитките и досегашната соработка со Кралството Холандија и изразил уверување дека таа во иднина ќе биде уште посодржајна. Тој ја потенцирал решеноста за спроведување на реформи во македонската полиција, со крајна цел полицијата да се департизира и декриминализира и да биде вистински сервис на граѓаните. Според министерот Спасовски, принципите на законитост, одговорност и чесност мора да бидат основни принципи на секој вработен во МВР.
Министерот Спасовски потенцирал дека во наредниот период ќе им се даде простор на професионалците во МВР, а пример за таквата тенденција, како што се наведува, се и назначувањата на директорите на УБК и БЈБ, професионалци со долг стаж во Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде меѓу најпогодените од војната на Блискиот Исток, вели ЕБОР
-

Тема на денот со Раби Седрак, директор на институтот за меѓународни стратегиски и безбедносни студии
-

6 години членство во НАТО - Македонија кредибилен партнер во Алијансата
-

Трамп го продолжи ултиматумот кон Иран за Ормускиот Теснец
-

Филипче бара мерки од Владата, Мицкоски најави намалување на акцизата ако расте цената на нафтата
-

Војната на Блискиот Исток веќе ги зголемува производните трошоци
-

Новиот државен обвинител одби да ги коментира изјавите на премиерот Мицкоски
-

Нов обвинител ќе ги преземе предметите против полицајците за „Пулс“
