Министерот Саљији во посета на Државна служба за пробација на Летонија

Министерот за правда на Република Македонија Билен Саљији, денеска, на вториот ден од посетата на Летонија ќе има средби со раководителот на летонската Државна служба за пробација, Михаилс Папсујевич и со директорот на Судската управа, Едвинс Балшевич, соопшти Министерството за правда.
Министрите за правда на Македонија и Летонија, Билен Саљији и Џинтарс Раснач вчера во Рига потпишаа Меморандум за соработка помеѓу министерствата за правда на двете земји.
- Со Меморандум се договорија областите, облиците и начинот на соработка помеѓу двете институции, споделувајќи ги заедничките европски вредности во духот на соработката и заемна доверба, се наведува во соопштението.
Меѓу другото, во соработката предност се дава на размена на искуства и најдобри пракси за усогласување на националното законодавство со меѓународните и европските стандарди, поддршка на процесот на пристапување на Република Македонија во Европската унија, модернизација на правосудството и судската администрација, едукација и обука на професионалците од правосудството и судиите, подобрување на активностите во областа на пенитенцијарниот систем, ефикасно управување со пробацискиот систем вклучително и развивање на ефикасни алтернативни мерки и пробациски систем како и други области кои се од заемен интерес.
По потпишувањето на Меморандумот за соработка, министерот за Саљији се сретна со директорот за Управата за затвори на Република Летонија и го посети Центарот за зависности при Затворот Олаине.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: не се оди надвор без да се постигне консензус дома
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Нови апсења поврзани со проневера во „Државна лотарија“
-

Во четврток средба Муцунски – Петрова во Софија
-

Филипче: Сите лаги на Мицкоски се разобличени - ЕУ го потврди македонскиот идентитет
-

Поевтинуваат бензините и дизелот
-

Реформа на пензискиот систем веднаш – Фискалниот совет предлага повисоки придонеси и зголемување на пензии
-

Пензионерите добија три проценти повисоки пензии
