-->
-->
Министерот Сали ги посети хоспитализираните дечиња заразени со Ковид-19
-->
Министерот за здравство Беким Сали на својот фејсбук профил објави дека денеска ги посетил заболените дечиња со КОВИД-19, кои придружувани од родител се хоспитализирани во ковид – центарот на Детската болница Козле.
– Дечињата се во стабилна здравствена состојба и им посакав побрзо закрепнување и враќање во своите домови, како и безгрижна детска игра. Исто така, во рамки на посета на оваа установа, направив увид и во Центарот за цистична фиброза, каде пациентите се лекуваат според најсовремени стандарди и опрема за третман на болните од цистична фиброза. Огромна благодарност за медицинскиот персонал во оваа установа за грижата за пациентите во услови на пандемија кога секојдневно се соочуваат со предизвици, напиша Сали.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.