Министерот Ристовски се сретна со претседателот на Светската атлетска асоцијација Себастијан Коу

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска се сретна со лордот Себастијан Коу, претседател на Светската атлетска асоцијација, поранешен член на британскиот Парламент и актуелен член на бордот на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) кој официјално е кандидат за прв човек на ИОК на претстојните избори во март 2025 година.
На средбата во Владата, како што информира ресорното министерство, беше дискутирано за поддршката што Министерството за спорт ја обезбедува за Атлетската федерација на Македонија, како и за идните проекти и иницијативи за унапредување на македонската атлетика.
- Ми претставува особена чест што лорд Себастија Коу е наш гостин во Владата. Се надевам на идна успешна соработка и заедно да придонесеме за развој на македонската атлетика и на спортот воопшто. Се залагам за поддршка на сите спортови, меѓутоа свесен сум за важноста на атлетиката како базичен спорт и основа за развој на национален спорт и токму затоа Атлетската федерација на Македонија е ставена во приоритетите на Министерството за спорт од индивидуалните спортови, истакна министерот Ристовски.
Коу изразил благодарност за гостопримството и можноста Скопје да биде домаќин на Конвенцијата на Европската атлетска асоцијација, која се одржува деновиве, како и на манифестација „Golden Tracks Skopje 2024“, која ќе се одржи утре во Националната опера и балет.
Претседателот на Светската атлетска асоцијација, како што се наведува, изрази огромна поддршка и воодушевеност што во земјава има Министерство за спорт и нагласи дека тоа ќе придонесе за подигнување на македонскиот спорт на многу повисоко ниво.
- Многу ми е драго што втор пат сум во Македонија, инспиративна и прекрасна земја. Прв пат сум во Владата и сум воодушевен од средбата со министерот Ристовски. Го следиме напредокот на атлетиката во вашата земја кој е во евидентен пораст и се надеваме дека со формиртањето на новото Министерство за спорт и со поддршката на министерот ќе ја подигнеме атлетиката на повисоко ниво, рече Коу.
Од Министерството за спорт посочуваат дека присуството на претседателот на Светската алетска асоцијација е особено значајно бидејќи Коу е еден од највлијателните и најпочитуваните фигури во светската спортска елита.
Ново на Сител
-

На одбележувањето на 150 годишнината на Разловечкото востание најавена граѓанска иницијатива за прогласување на Разловци за заштитена историска целина
-

Насилството врз жените и родовата еднаквост во фокусот на средбата Пешевска – Аким Али
-

Лафчиски на состанокот на Воениот комитет на НАТО во Брисел
-

Силекс и Шкендија во борба за Купот на Македонија на арената „Тодор Проески“
-

Сиљановска-Давкова: Македонија не бега од вето, но тоа да биде поврзано со Kопенхашките критериуми, а не со идентитетските прашања
-

ФФМ покрена дисциплинска постапка против Вардар за недоличната прослава на титулата
-

Два големи шумски пожари горат во јужна Калифорнија
-

Илон Маск ја загуби тужбата против „ОпенАИ“ и извршниот директор Сем Алтман
