Македонија
20. September 2022 - 8:15

Министерот Николовски на Меѓународниот саем за земјоделство „Интерагро 2022“ во Бјељина

– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе биде домаќин на македонскиот штанд на Меѓународниот саем за земјоделство, лов, риболов и екологија „Интерагро 2022“ што од денеска до 22 септември се одржува во Бјељина, Република Српска.

Република Северна Македонија е земја партнер на 20-тото јубилејно саемско претставување на овој меѓународен саем за земјоделство.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, македонскиот штанд ќе биде претставен со 13 домашни компании и на посетителите ќе им понуди македонско вино, домашни традиционални производи како ајвар, лутеница, чоколадна алва, таан и конзервирани производи.

Министерот Николовски ќе има обраќање на отворањето на меѓународниот саем „Интерагро 2022“.