-->
-->
Министерот Мисајловски на меѓународен саем за одбрана во Турција
-->
Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска и утре ќе ја предводат македонската делегација на 4. меѓународен саем за одбрана - Saha Expo 2024, што се одржува во Истанбул, Турција.
Како што соопштија од Министерството за одбрана, за време на посетата на Република Турција, Мисајловски ќе има средба со неговиот колега и домаќин - министерот за национална одбрана Јашар Гулер.
-Денеска и утре, македонската делегација ќе оствари средби со претставници на турски компании од наменско производство и ќе има можност да се запознае со најновите техничко-технолошки достигнувања на полето за одбраната, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната плата мора да се зголеми
-
Три седници во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги партизираше институциите
-
Викендот во Штип 39-то издание на „Макфест“
-
Преглед на вестите од светот
-
Замрзнати вработувањата во администрација
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата