Министерот Мисајловски и генерал Лафчиски: Покажуваме доверба, синергија заеднички да продолжиме успешно да работиме
Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во Министерството за одбрана на предновогодишна средба со вработените се обратиле и доделиле признанија на пензионирани припадници, офицери и подофицери од Армијата за нивниот професионален ангажман, достигнувања и придонес во реформите на Армијата. На средбата, соопштија од МО, свечено во чин полковник биле унапредени двајца офицери на Армијата.
Министерот Мисајловски им се заблагодарил на вработените во Министерството и Армијата за нивната соработка и посветеност во работата и им порачал дека и следната година продолжуваат заедно и сплотени да работата за уште подобра одбрана и посилна Армија.
- Имаме одлична соработка изминативе шест месеци, покажуваме доверба и синергија заеднички да продолжиме успешно да работиме и во наредната година. Ви се заблагодарувам на сите вас за сето она што го направивте, рекол министерот.
Генералот Лафчиски им се заблагодари на пензионираните припадници за нивната долгогодишна служба во Армијата и за фактот дека тие, како што стои во соопштението, „направија многу и го трасираа патот за следните генерации“. На припадниците и вработените во министерството и Армијата им ја честитал новата година и претстојните празници и посакал кохезијата во работата да продолжи и во 2025 година.
На средбата присуствувале и заменик-министерката за одбрана Елфет Исмаили, заменикот началник на Генералштаб, генерал-мајор Азим Нуредин, раководителите во Министерството и началниците на секции во Генералштабот.
Ново на Сител
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани