Македонија
18. September 2019 - 16:07

Министерот Милевски се сретна со претседателот на Европскиот комитет на регионите Ламбертс

Министерот Милевски денеска се сретна со претседателот на Европскиот комитет на регионите, Карл Хајнц Ламбертс и со членовите на неговиот Кабинет.

На средбата, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, беа присутни и раководителот на одделението за соработка на делегацијата на Европска Унија во Северна Македони, Никола Бертолини и програмскиот офицер на делегацијата, Карл Џачинти.

Се разговараше за процесот на децентрализација и за законот за регионален рамномерен развој. Констатирано беше дека е потребно зајакнување на регионите во Северна Македонија.