Министерот Јолевски во посета на САД

Министерот за одбрана Зоран Јолевски од денеска престојува во посета на Соединетите Американски Држави.
За време на посетата, соопшти денеска МО, министерот Јолевски ќе има средби со сегашни и поранешни претставници на американската администрација, сенатори и конгресмени во Конгресот на САД, како и претставници на тинк-тенк заедницата.
Како што стои во соопштението, министерот Јолевски во Пентагон ќе се сретне со заменик-помошникот на секретарот за одбрана за Украина, Русија и Евроазија, Мајкл Карпентер, додека во Стејт Департментот ќе има средба со Хојт Ји, заменик помошник секретар за Европа и Евроазија. Во Конгресот на САД, министерот ќе се сретне и со сенаторите Џон МекКејн и Џејмс Инхоф.
Министерот Јолевски за време на посетата во Вашингтон ќе се сретне и со поранешниот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд, додека во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, ќе оствари средба со заменик-шефот на Департманот за мировни операции на ООН, Ел Гасим Вејн.
Во рамки на посетата, министерот Јолевски ќе биде дел и од традиционалниот Молитвен појадок, организиран во Вашингтон.
Ново на Сител
-

АМСМ: Возете внимателно, коловозите се влажни
-

Петмина мртви, повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
-

Денеска е Св. Великомаченик Димитриј – Митровден
-

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател Ал Шара
-

УН: Хуманитарната помош во Појасот Газа сè уште доаѓа преспоро
-

Променливо облачно време со локални врнежи
-

Кремљ ги отфрли шпекулациите за раздор меѓу Путин и Лавров
-

Српско МВР: Приведени неколку луѓе во врска со случајот „уфрлени снајперисти“
