Министерот Јолевски упати честитка по повод 11 Октомври
Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, упати честитка по повод државниот празник, 11 Октомври – Денот на народното востание, до припадниците на Армијата на Република Македонија и до сите граѓани.
- На 11 октомври ‘41-та, македонскиот народ покажа дека неговиот идеал, неговата цел се слободата, демократијата и еднаквоста. Македонија и нејзиниот народ покажаа патриотизам, храброст и визионерство, ја донесоа вистинската одлука застанувајќи на страната на сојузниците во борба за заштита на слободарскиот дух, наведува во честитката.
Тие идеали за слобода, демократија и просперитет, додава министерот, денеска можеме да ги видиме во припадниците на Армијата на Република Македонија. - Нашите мировници со сите свои способности и капацитети даваат сè од себе за она што нашите граѓани го имаат во Македонија, да биде реалност во сите делови од светот“, порача министерот во честитката.
Ново на Сител
-
Манасиевски: Човек како Митовски не смее да биде градоначалник
-
Високите цени и потребата од нови мерки ќе се разгледуваат на ЕСС следната недела
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија