Министерот Изаири и ректорот на Универзитетот на ЈИЕ ќе потпишат договор за финансирање проекти
Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Замир Дика денеска ќе потпишат договор за финансирање на проектите: „Утврдување на реалниот потенцијал за реализација на мерките за подобрување на квалитетот на воздухот во општините Кичево и Кавадарци“ и „Спроведување на методологијата и оперативните активности при процесот за реализација на иницијативата за прогласување на Шар Планина за национален парк“.
Во рамки на настанот ќе се одржи и тркалезна маса на тема „Мерење на квалитетот на воздухот“ и презентација на проектот за валоризација на вредностите и прогласувањето на Шар Планина за национален парк.
Најавено е присуство на градоначалниците на Тетово и на Кавадарци, Теута Арифи и Александар Панов.
Ново на Сител
-
Евиденција на основните средства на јавните комунални претпријатија
-
Дали ќе поскапи струјата?
-
Весна Дамева си поднесе оставка
-
Бајрами: Запален е мојот автомобил
-
Верските лидери повикуваат на смиреност
-
Со намалени цени во зима до повеќе туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
Забрана за движење на повеќе патни правци