Министерот Филипче ја посети Општата болница во Кичево
Министерот за здравство д-р Венко Филипче во рамки на посетата на Општата болница во Кичево се сретна со директорот на таа јавна здравствена установа Билјана Настеска и со директорот на Здравствениот дом, Осман Сејдини.
На средбата лекарите кои работат во кичевските здравствени установи, ги кажаа проблемите со кои тие се соочуваат секојдневно при нивното работење со пацентите. Поплаките беа главно во сферата на недостиг на соодветни простории, како и немање доволна соодветна опрема за работа.
Министерот Филипче по средбата ги посети просториите на новата зграда која е во градба, но и старите објекти каде работат лекарите во Кичево.
Тој по средбата кратко изјави дека е дојден во болницата во Кичево за да ја скенира ситуацијата и да види што во моментот е најприоритетно за да помогнат. Посочи дека не може сите проблеми да бидат решени веднаш и дека ќе ја согледаат ситуацијата.
Вети дека набргу ќе дојде комисија за да види до каде и како што побрзо да се дозаврши новиот објект на болницата кој веќе подолг период е во градба.
Ново на Сител
-
Протест на жителите на Аеродром против депонијата Вардариште
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска