-->
-->
Министерот Адеми се сретна со претставници на Германската банка за развој
-->
Претставници на Германската банка за развој KfW денеска на средба го запознале министерот за образование и наука Арбер Адеми со проектот „Регионален фонд“ (Regional Challenge Fund), кој на нивна иницијатива би се спроведувал во следниот период во земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија.
- Овој фонд ќе има цел да поддржи мерки за поврзување на стручното образование и обука и бизнис-заедницата. Крајната цел е да придонесе во зголемување на стапката на вработеност, преку поддршка на учениците во стекнување вештини и способности потребни и побарувани на пазарот на трудот, соопшти Министерството за образование и наука.
Иницијативата е во почетна фаза и во моментов се работи на конципирање на планот за нејзиното спроведување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип