Министерката за култура Канческа-Милевска во посета на Турција
Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска денеска престојува во работна посета на Република Турција каде што ќе и биде врачена меѓународната награда „Yes to Art“ во рамки на „Anatolian Theatrical Awards“, која и се доделува за остварувања во уметноста и културата врз основа на досегашните активности реализирани во нашата земја.
Како што соопшти Министерството за култура, оваа награда која е единствена на меѓународно ниво, трета година по ред, во Истанбул, ја доделува реномираното списание за театар „Tiyatro Gazetesi“. На доделувањето се поканети повеќе од 50 врвни уметници, раководители на ансамбли на кои ќе им бидат доделени наградите, меѓу кои е и Националната установа Турски театар - Скопје.
Ова е второ признание за министерката за култура Канческа-Милевска во Република Турција која во 2011 година беше одликувана и со наградата „Златен чинар“ за посебни постигнувања во културата и уметноста, ифнормира Министерството.
Во рамки на посетата, Канческа-Милевска во текот на денешниот ден ќе оствари билатерална средба со својот турски колега, министерот за култура и туризам Наби Авчи, со кого ќе разговара за актуелни проекти, но и за идните активности за продлабочување на културните врски меѓу Република Македонија и Република Турција.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска