Министерката Шекеринска се сретна со првите луѓе на синдикатите во одбраната
Проблемите со кои се соочуваат, подобар животен стандард на вработените, подобрување на условите за работа, реновирање на објектите и мотивирање на професионалните војници. Овие барања денеска ги изложиле првите луѓе на Синдикатите на средбата со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Како што соопшти Министерството за одбрана, на средбата присуствувале претседателот на Синдикатот за одбрана и безбедност Ристо Ајтов, претседателот на Синдикатот на одбранбениот и безбедносен сектор Оливер Стојановски, претседателот на Независниот Синдикат за одбрана Ванчо Исајов и претседателот на Независниот синдикат на професионални војници Аднан Алитов.
- Целта на средбата е да пронајдеме решение за проблемите кои се бројни и да поставиме приоритети. За дел од проблемите веќе работиме на решенија, во делот на опремата за војниците и исплатата на одредени законски права. Отворени сме за соработка, политиката за подобрување на состојбите која се осмислува од раководството, да стигне до секој војник, истакнала Шекеринска.
Дел од претставниците на Синдикатите, како што се наведува во соопштението, се пожалиле на политизација при изборот на професионални војници, при приемот на питомци во Воената академија и на општа политизираност во работата на МО и во Армијата во претходниот период. Министерката Шекеринска нагласила дека ќе инсистира на професионално работење.
Ново на Сител
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата