Министерката Ангеловска го презема управувањето со Министерството за финансии
Новата министерка за финансии Нина Ангеловска денеска го презема управувањето со Министерството за финансии.
Министерката оствари средба со заменик министерката за финансии Ширет Елези и државниот секретар Јулијана Петановска, на која беа дискутирани тековните активности на Министерството за финансии.
Ангеловска на позицијата министер за финансии доаѓа од приватниот сектор. Таа е основач на „Групер“ - компанија за е-трговија. Ангеловска докторирала менаџмент на Економскиот факултет во Скопје. Има бројни домашни и странски признанија. Германскиот магазин „The Hundert“ ја вбројува во листата на 100 успешни жени основачи на старт-апи, а магазинот „Forbes“ ја наградува со признанието „30 под 30“ за Европа во категоријата малопродажба и Е-трговија. Во 2017 година Ангеловска иницира основање на првата Асоцијација за е-трговија и станува нејзин претседател. Од 2018 година Ангеловска е член на УО на Европската аоцијација за Е-трговија ЕМОТА. Во 2019 таа станува и член на УО на Стопанската комора на Македонија.
Ангеловска во интервју за МИА истакна дека ќе се вложува во проекти кои ќе донесат економски раст и ќе ја намалат невработеноста. Таа посочи дека Министерството го очекува амбициозна агенда и реформи, како мерката за стимулирање на растот на платите, која е предвидена со претстојаниот ребаланс на буџетот.
Ново на Сител
-
Уапсен кавадарчанец кој возел со 3,05 промили алкохол во крвта
-
Спајиќ: Блиску сме до решение за воведување седумчасовен работен ден во Црна Гора
-
Анализи во ЕУ: Храната на Балканот и во цела Европа е неоправдано скапа
-
Мицкоски: Влашката зедница има значајна улога во градењето на Македонија
-
Даниловски: Мајмунските сипаници не се пренесуваат лесно и мал е ризикот за епидемија
-
Британска амбасада: Со потпишувањето на новото партнерство почнува нова ера во односите меѓу двете земји
-
Му кажала дека мајка ѝ ѝ забранила да се гледа со него па објавил нејзини експлицитни фотографии
-
Општина Карпош: Диво изграден ноќен најавува настапи на Беквалац, Розга и Георгиев